ВЕРДАСКО БЕШЕ НА ПРАГ ДА НАПРАВИ ИЗНЕНАДУВАЊЕ

Ѓоковиќ спаси пет меч топки за финале во Доха

Новак Ѓоковиќ успеа да спаси пет меч топки против Фернандо Вердаско и да се избори за финале на турнирот во Доха.

Фернандо Вердаско беше блиску до победа над Новак Ѓоковиќ, имаше дури пет меч топки, но не успеа да дојде до победата.
 
Вердаско го доби првиот сет со 6-4, во вториот се играше тај-брек во кој Ѓоковиќ успеа да ги спаси петте меч топки и да го добие со 9-7.
 
Решавачкиот сет ја немаше неизвесноста од претходниот, Ѓоковиќ го доби со 6-3 и се пласираше во финалето каде што ќе игра со подобриот од Енди Мареј и Томаш Бердих.
 
„Ова дефинитивно беше еден од највозбудливите мечеви кои сум ги играл. Не сум спасувал многу често пет меч топки. Требаше Вердаско да ме победи“ - изјави Ѓоковиќ по мечот.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе