АТП Мастерс Рим

Ѓоковиќ спаси две топки и по долг меч го победи Дел Потро

Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин Дел Потро одиграа меч кој траеше повеќе од три часа, на крајот српскиот тенисер се радуваше на победата.

Дел Потро беше блиску да го елиминира Новак Ѓоковиќ, имаше две меч топки во вториот сет, но не успеа да ги искористи.
 
Првиот сет го доби Аргентинецот со 6-4, во вториот Ѓоковиќ имаше водство од 5-2 и сет топка но не ја искористи, Дел Потро се врати и го однесе сетот во тајбрејк. Во тајбрејкот Дел Потро имаше водство од 6-4, две меч топки, но Ѓоковиќ ги доби наредните четири поени и изедначи на 1-1 во сетови.
 
Третиот решвачки сет Новак го доби со 6-4 за победа од 2-1 во сетови и пласман во полуфиналето.
 
Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Шварцман, а во другото ќе играат Надал и Циципас.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе