Олимписки игри

Ѓоковиќ со сигурна победа против Штруф се пласира во осминафиналето на ОИ

Новак Ѓоковиќ без проблеми ја помина и втората пречка на Олимписките игри и се пласира во осминафналето, во два сета славеше против Штурф.

Новак Ѓоковиќ со 6-4 и 6-3 го совлада Јан Ленард Штруф и го продолжи патот кон своето прво олимписко злато.

Ѓоковиќ во осминафиналето ќе игра против Давидович Фокина кој со 2-1 беше подобар од Милман.

Денеска сигурна победа забележа и Александер Зверев кој со 6-2 и 6-2 го совлада Галан Риверос.

Елиминација доживеа Марин Чилиќ кој со 2-1 (5-7, 6-4, 6-4) беше поразен од Карењо Буста.

Место во осминафиналето обезбедија и Басилашвили, Фоњини, Медведев и Копфер. Останатите дуели од 1/16 финалето се играат утре.

 

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе