Пред финалето во Париз, Ѓоковиќ заедно со Надал имаа по 36 трофеи на Мастерс 1000 турнирите, по денешниот ден Србинот со 37 е сам на врвот на оваа листа.
Медведев добро го почна денешното финале, го доби првиот сет со 6-4, но потоа Ѓоковиќ се издигна и го сврте мечот.
Српскиот тенисер ги доби следните два сета со по 6-3 и дојде до победа од 2-1 во сетови.