Австралија опен

Ѓоковиќ со пресврт до победа над Зверев и деветто полуфинале на Австралија опен

Новак Ѓоковиќ го загуби првиот сет против Александер Зверев, но потоа го доби следните три, победи со 3-1 и се пласираше во полуфиналето на Австралија опен. 

Новак Ѓоковиќ е вториот полуфиналист на Австралија опен, српскиот тенисер по голема борба го совлада Александар Зверев и го продолжи патот кон одбрана на титулата.
 
Зверев почна одлично, го доби првиот сет во тајбрејк кој заврши исо 8-6 за него, но во вториот Новак беше супериорен, го доби со 6-2 и изедначи на 1-1.
 
Третиот сет му припадна на Ѓоковиќ со 6-4 за комплетен пресврт и водство од 2-1, а следниот се решаваше во тајбрејк, и тој заврши со 8-6 но овој пат во корист на Србинот за победа од 3-1.
 
Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Руснот кој направи сензација на Австралија опен, Аслан Карацев.

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе