Австралија опен

Ѓоковиќ со моќна партија го победи Медведев и по деветти пат го освои Австралија опен

Новак Ѓоковиќ одигра неверојатен меч, со 3-0 го победи Данил Медведев во финалето и по деветти пат се израдува на трофејот на Австралија опен. 

Се очекуваше понеизвесно финале, но Новак Ѓоковиќ беше фантастичен, Данил Медведев се обидуваше да му парира, но рускиот тенисер немаше шанси.
 
Најтесно беше во првиот сет кој Новак Ѓоковиќ го доби со 7-5, следните два ги доби со 6-2 и 6-2. Наместо тениски маратон, добивме финале кое не траеше ни два часа.
 
Ѓоковиќ бавно го почна турнирот, се мачеше со повреда против Фриц, но како одминуваше времето играше се подобро, кулминацијата се случи денеска во финалето против Медведев во кое изгледаше супериорно. Ова за него беше девета титула на Австралија опен, вкупно 18. грен слем трофеј.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе