АТП Синсинати

Ѓоковиќ со многу мака ја помина првата пречка во Синсинати, Мареј прв пат по 2017 победи топ 10 тенисер

Првиот носител во Синсинати, Новак Ѓоковиќ добро се испоти да го победи Беранкис, Енди Мареј беше подобар од Александер Зверев, Британецот три години не се радувал на триумф над тенисер од топ 10. 

Новак Ѓоковиќ со победа стартуваше на турнирот во Синсинати, но до неа дојде потешко од очекувањата. Триумфираше со 2-0 но не му беше лесно.
 
Првиот сет против 72. рангираниот Беранкис го доби дури во тајбрејк со 7-6 (7-2), а вториот со 6-4.
 
Енди Мареј кој во изминатите години се мачеше со повреда, дури се чинеше дека и неговата кариера е завршена, повторно победува силни тенисери.
 
Британецот со 6-3, 3-6 и 7-5 го елиминираше Александер Зверев. Тоа беше првата победа за Мареј над топ 10 тенисер по 2017 година.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе