УС Опен

Ѓоковиќ со лесна победа ја започна одбраната на титулата на УС Опен

Новак Ѓоковиќ е во второто коло на УС Опен откако без многу проблеми ја доби пресметката со Роберто Карбаљес Баена и го совлада Шпанецот со 3-0 во сетови.

Започна последниот Гренд Слем, во Њујорк се играат мечевите од првото коло на УС Опен. Бранителот на трофејот, Новак Ѓоковиќ немаше многу мака и лесно се справи со Роберто Карбаљес Баена.

Србинот за помалку од два часа со 3-0 во сетови (6-4, 6-1, 6-4) ја доби пресметката со Шпанецот и се пласираше во второто коло.

Во првиот сет се играше неизвесно до 5-4, потоа Ѓоковиќ направи брејк и поведе со 1-0. Популарниот Ноле разликата во квалитет ја покажа во вториот сет кога го збриша противникот со 6-1. Во третиот сет, рекетот број 1 рано направи брејк и потоа рутински го приврши мечот во своја корист.

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе