АТП мастерс Париз

Ѓоковиќ со доминантно издание до петта мастерс титула во Париз

Новак Ѓоковиќ триумфираше на АТП мастерсот во Париз, Србинот за 65 минути го совлада Денис Шаповалов со 2-0 (6-3, 6-4) во финалето.

Новак Ѓоковиќ се радува на петта мастерс титула во Париз, негова 34-та во кариерата. 32 годишниот Србин попладнево имаше доминатно издание во финалето и триумфираше над Денис Шаповалов.

На популарниот Ноле му беа потребни 65 минути да го совлада противникот со 2-0 (6-3, 6-4) во сетови. Тој одлично го отвори мечот, рано направи брејк, поведе со 3-0 и рутински го приврши првиот сет во своја корист.

Во вториот сет, напави брејк дури во седмиот гејм, и потоа со одличен сервис ја потврди новата победа во Париз.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе