АТП ранг листа

Ѓоковиќ се врати на врвот, повторно е број 1 во светот

По победата на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ повторно го завзема врвот на АТП листата. 

Новак Ѓоковиќ се врати на врвот од каде го бутна Рафаел Надал кој изминатите три месеци беше на првото место.
 
Со освојувањето на Австралија Опен, Ѓоковиќ одлично ја почна новата сезона. Со ова прво место тој дојде до бројката од 276 недели на врвот на АТП листата и го делат уште само десет недели до Пит Сампрас кој е втор на вечната листа. Првото место го држи Федерер со 310 недели на врвот.
 
На последната АТП ранг листа, на второто место е Надал, трет е Федерер, финалистот на Австралија Опен, Доминик Тим се искачи на четвртото место, во топ десет се уште и Медведев, Циципас, Зверев, Беретини, Монфис и Гофан.
 
Во женска конкуренција на првото место е Ешли Барти, втора е Симона Халеп, голем скок има победничката на Австралија Опен, Софија Кенин која сега е на седмата позиција, тоа е најдобриот ранкинг во нејзината кариера.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе