Србинот со трофеј се загреа за УС Опен

Ѓоковиќ се врати и против Раониќ за титула во Њујорк и изедначување на рекордот на Надал

Новак Ѓоковиќ е победник на Вестерн & Саутерн Опен, Србинот во финалето го совлада Милош Раоноќ од Канада со 2-1 во сетови.

Како загревање за УС Опен, Новак Ѓоковиќ триумфираше на мастерсот Синсинати, кој пооради пандемијата на коронавирус се играше во Њујорк. 

Во финалето на Вестерн & Саутерн Опен, Србинот со 2-1 во сетови славеше над Милош Раониќ. Тенисерот од Канада има десет последователни порази во пресметките со Ноле, и најави дека можеби е време за крај на серијата откако го доби првиот сет со 6-1. 

Сепак, рекетот број еден се врати, вториот сет го доби со 6-3 а третиот со 6-4 за нов кам-бек и титула во Њујорк. 

Со оваа победа, Новак Ѓоковиќ го изедначи постигнувањето на Рафаел Надал и може да се пофали со 35 титули од АТП 1000 серијата.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе