АТП Токио

Ѓоковиќ се „прошета“ до трофејот во Токио

Новак Ѓоковиќ полесно од очекувањата го освои турнирот во Токио, како и на претходните средби Србинот доминираше и во финалето каде загуби само пет гејма. 

Новак Ѓоковиќ имаше перфектно враќање по повредата, српскиот тенисер без проблем дојде до трофејот во Токио. Немаше ниту еден меч во кој се мачеше за да победи, така беше и во денешното финале.
 
Ѓоковиќ загуби само пет гејма од Милман, првиот сет заврши со 6-3, во вториот победи со 6-2.
 
„Прв пат играв во Токио и ова за мене беше неверојатно искуство и на теренот и надвор од него. Направивте да се чувствувам како дома, едвај чекам да се вратам догодина на Олимписките игри“, им се обрати Ѓоковиќ на навивачите по завршувањето на мечот.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе