Србинот пред еден месец жестоко ги критикуваше организаторите

Ѓоковиќ се пишмани: Ќе играм на УС Опен!

Новак Ѓоковиќ реши да се појави на турнејата во САД, светскиот рекет број 1 ќе настапи на турнирот Вестерн & Саутерн Опен, како и на првиот грен слем оваа сезона, УС Опен.

Србинот беше еден од најголемите критичари на протоколите на УС Опен, велеше дека се екстремни и невозможно е да се игра со такви услови. И додека голем број на тенисери го откажаа настапот, Новак Ѓоковиќ се пишмани и сега порача дека ќе се појави на турнејата во САД.

„Среќен сум што можам да потврдам дека ќе учествувам на турнирот Вестерн & Саутерн Опен и УС Опен. Одлуката не беше лесна поради големиот број на пречки и предизвици, но можноста одново да се натпреварувам ме прави возбуден. Знам дека работите нема да бидам исти со сите протоколки и безбедносни мерки кои се поставени за да ги заштитат тенисерите и граѓаните на Њујорк. Но тренерив напорно со мојот тим и подготвен сум да се прилагодам на новите услови. Ги направив сите тестови, целосно сум опоравен и подготвен да се вратам на терените и да го прикажам најдоброто од себе. Ги ценам и почитувам луѓето кои одвоја време и вложија напор и енергија да се организираат овие два турнири и тенисерите одново да се вратат на терените. За жал, моменталната состојна не дозволува сите тенисери да патуваат и да се натпреваруваат, но се надевам дека работите во брзо време ќе се променат и сите ќе се вратиме на играта во која сме заљубени“ – гласеше пораката на Новак Ѓоковиќ.

Поради пандемијата на коронавирус, турнирот Вестерн & Саутерн Опен наместо во Синсинати, ќе се игра на „Флешинг Медоус“ од 22-ри до 28-ми август, а потоа следи УС Опен, кој ќе започне на 31. август Двата настани ќе бидат без публика.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе