Србинот жали за инцидентот

Ѓоковиќ се извини за инцидентот: Се чувствувам тажно и празно, ова ќе ми биде лекција

Новак Ѓоковиќ се извини за инцидентот на УС Опен кога со топче удри линиска судијка по што беше дисквалификуван од Грен слем турнирот. 

Тенисерот број еден, Новак Ѓоковиќ синоќа направи голема глупост откако непотребно удри едно топче кое заврши во главата на линиска судијка. Србинот немаше никаква намера да направи такво нешто, но судијата стрикно ги почитуваше правила и го дисквалификуваше од турнирот.
 
Ѓоковиќ преку својот инстаграм профил се извини за инцидентот, рече дека жали за стореното и ова ќе го сфати како лекција која ќе му помогне да созрее како тенисер и како човек.
 
„Целата оваа ситуација ме остави навистина тажен и празен. Ја проверив линиската судијка и добив информација дека се чувствува добро, фала му на Бога. Екстремно ми е жал што и нанесов таков стрес. Толку ненамерно. Толку погрешно. Нема да го откријам нејзиното име поради почит кон нејзината приватност“, вели Ѓоковиќ.
 
„Што се однесува до дисквалификацијата, траба да работам и сето ова разочарување да го претворам во животна лекција која ќе ми послужи да созревам како играч и како личност“.
 
„Се извинувам на УС Опен и сите кои се засегнати од моето однесување. Многу сум благодарен на мојот тим и мојата фамилија за големата поддршка која ми ја даваат и на фановите кои секогаш се тука за мене. Ви благодарам и многу ми е жал“.

 
 
 
View this post on Instagram

This whole situation has left me really sad and empty. I checked on the lines person and the tournament told me that thank God she is feeling ok. I‘m extremely sorry to have caused her such stress. So unintended. So wrong. I’m not disclosing her name to respect her privacy. As for the disqualification, I need to go back within and work on my disappointment and turn this all into a lesson for my growth and evolution as a player and human being. I apologize to the @usopen tournament and everyone associated for my behavior. I’m very grateful to my team and family for being my rock support, and my fans for always being there with me. Thank you and I’m so sorry. Cela ova situacija me čini zaista tužnim i praznim. Proverio sam kako se oseća linijski sudija, i prema informacijama koje sam dobio, oseća se dobro, hvala Bogu. Njeno ime ne mogu da otkrijem zbog očuvanja njene privatnosti. Jako mi je žao što sam joj naneo takav stres. Nije bilo namerno. Bilo je pogrešno. Želim da ovo neprijatno iskustvo, diskvalifikaciju sa turnira, pretvorim u važnu životnu lekciju, kako bih nastavio da rastem i razvijam se kao čovek, ali i teniser. Izvinjavam se organizatorima US Opena. Veoma sam zahvalan svom timu i porodici što mi pružaju snažnu podršku, kao i mojim navijačima jer su uvek uz mene. Hvala vam i žao mi je. Bio je ovo težak dan za sve.

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) onSep 6, 2020 at 3:58pm PDT

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе