Вимблдон

Ѓоковиќ се избори за рекордно 32-ро грен-слем финале и закажа дуел со Кирјос

Новак Ѓоковиќ со 3-1 во сетови го совлада Камерон Нори и се избори за рекордно 32-ро грен-слем финале, Србинот против Ник Кирјос ќе се бори за 7-ма титула на Вимблдон.

Новак Ѓоковиќ му даде сет предност на Камерон Нори, па му покажа кој е кој. Домашниот тенисер одлично го отвори мечот, првиот сет го доби со 2-6 и најави возбудливо полуфинале.

Сепак, Србинот драстично го подигна нивото во продолжението од мечот, ги доби следните три сета (6-2, 6-3, 6-4) и се избори за рекордно 32-ро грен-слем финале.

За противник ќе го има контроверзниот Ник Кирјос, кој без борба оди во финалето откако Рафаел Надел го предаде мечот поради повреда.

Доколку Новак Ѓоковиќ триумфира во недела, тоа ќе биде негова 7-ма титула на Вимблдон, односно 21-ва грен-слем титула.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе