Ѓоковиќ ја разгледува можноста да ја тужи Австралија, ќе бара отштета од околу шест милиони евра.
Србинот ќе бара компензација за загубените пари од наградниот фонд на Австралија опен, за спонзорства, за морална штета од незаконски притвор и малтретирање.
Нејасно е на кој суд Ѓоковиќ би ја тужел Австралија.
Ѓоковиќ доби виза од Австралија и медицинско изземање со кое требаше да влезе во земјата како вакциниран. Но австралиските власти се предомислија и му забранија влез.
Ѓоковиќ беше во неколкудневен притвор чекајќи го првото судско рочиште, го доби и беше пуштен да тренира, но потоа министерот за имиграции го искористи своето право и му ја укина визата на Србинот. Следуваше второ рочиште на кое победи Австралија по што тенисерот беше депортиран.
Останува да видиме дали најавите ќе се остварат и ќе има и трет меч на судските клупи меѓу Новак Ѓоковиќ и Австралија.