Ролан Гарос

Ѓоковиќ против Надал во полуфиналето на Ролан Гарос

Мега тениска пресметка во полуфиналето на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ со 3-1 го победи Беретини и закажа меч со Рафаел Надал. 

Тениските титани, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ќе се борат за финале на Ролан Гарос.
 
Во последниот четвртфинален дуел Ѓоковиќ со 3-1 го совлада Беретини.
 
Српскиот тенисер почна одлично и ги доби првите два сета со 6-3 и 6-2, но следниот во кој се играше тајбрејк му припадна на Италијанецот 7-6 (7-5).
 
Во четвртиот сет Ѓоковиќ славеше со 7-5, за победа од 3-1 во сетови.
 
Тој во полуфиналето ќе игра против Рафаел Надал, а друргата двојка ја сочинуваат Циципас и Зверев.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе