Новак Ѓоковиќ се пласираше во 4. коло на Вимблдон, Србинот за помалку од два часа славеше во пресметката со сонародникот Миомир Кецмановиќ.
Популарниот Ноле имаше ново маестрално издание и првиот сет го доби со 6-0.
Вториот сет му припадна на Новак Ѓоковиќ со 6-3, додека Миомир Кецмановиќ најмногу отпор пружи во третиот сет, кога успеа да му земе еден сервис на противникот и да донесе малку возбуда, но немаше сили за поголемо изненадување.
Новак Ѓоковиќ во следното коло ќе игра против Тим ван Ријтховен, кој беше подобар од Басилашвили со 3-0 во сетови.