АТП Мадрид

Ѓоковиќ преку Шарди до четвртфиналето во Мадрид

Новак Ѓоковиќ со 2-0 во сетови го совлада Французинот Шарди, Чилиќ со пресврт дојде до триумф во хрватско-српскиот дуел против Ласло Ѓере. 

Новак Ѓоковиќ се пласираше меѓу осумте најдобри во Мадрид по победа од 2-0 во сетови против Шарди. Ноле го доби првиот сет многу убедливо, со 6-1, но во вториот мораше да игра тајбрејк во кој беше подобар со 7-2.
 
Интересен беше дуелот меѓу Марин Чилиќ и Ласло Ѓере кој го доби Хрватот со 2-1. Српскиот тенисер го доби првиот сет со 6-4, а вториот го почна со брејк, водеше 2-0 и 3-1 кога Чилиќ се разбуди, зема пет гејма по ред и го доби сетот со 6-3. Во вториот Чилиќ славеше со 6-2 за победа од 2-1 во сетови.
 
Новак Ѓоковиќ и Марин Чилиќ е првиот четвртфинален пар во Мадрид.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе