Миомир Кецмановиќ му пружи отпор на својот далеку пославен сонародник, Новак Ѓоковиќ, но не успеа да го изненади.
Ѓоковиќ го загуби првиот сет со 6-4, но ги доби следните два со 6-3 и 6-3, па со 2-1 во сетови се пласираше меѓу четирите најдобри.
Таму ќе игра против третиот носител Качанов кој со 2-0 во сетови, 7-5 и 6-4 беше подобар од Монтеиро.
Утре се играат преостанатите два четвртфинални меча на АТП турнирот во Белград, Даниел - Рублев и Фоњини - Оте.