Србинот излезе со соопштение

Ѓоковиќ позитивен на коронавирус: Жалам што се случи ова, се надевам дека бројот на заразени нема да порасне

Новак Ѓоковиќ соопшти дека е позитивен на коронавирус, најдобриот тенисер на АТП листата изрази жалење за настанатата ситуација и изрази надеж дека бројот на заразени нема да порасне, позитивна е и неговата сопруга Јелена.

Србинот изминатиов период напорно работеше на организирање на тениски турнири на Балканот, и покрај пандемијата на коронавирус, успеа да договори звучни имиња и да се одржат турнири во Белград и Задар.

Сепак, сето ова на крајот му се удри од глава. Во неделата алармите се вклучија откако Григор Димитров соопшти дека е заразен со ковид 19. Потоа позитивни испаднаа уште три лица, едно петгодишно дете кое се дружело тенисерите, како и Виктор Троицки, кој настапи само на турнирот во Белград.

Денеска пристигнаа и резултатите на Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на АТП листата и неговата сопруга Јелена се позитивни на коронавирус.

„По враќањето во Белград, веднаш бевме тестирани. Мојот и на Јелена се позитивни, на децата се негативни“ – се вели во соопштението на Србинот.

„Се што сработивме изминативе месец дена беше со чисто срце и искрени намери. Турнирите беа од хуманитарен карактер со идеја да им се помогне на тенисерите од регионот, да им овозможиме услови за игра, услови за приходи, и на тој начин да им помогнеме во овој тежок период“.

„Во исто време, сакавме да испратиме порака за солидарност и фер-плеј. Целта беше да им помогнеме и на добротворните организации и оние кои им помагаат на луѓето кои се најпогодени, и мило ми е што голем број на луѓе се придружија на иницијативата“,

„Ги организириавме турнирите во период кога вирусот беше ослабнат, и кога верувавме дека има услови за игра“.

„Навистина ми е жал што се случи ова. Ги следам препораките на лекарите и се надевам дека бројот на заразени нема да порасне. Се надевам дека никој нема да има здравствени компликации и се ќе помине добро. Јас ќе бидам во самоизолација во следните 14 дена, ќе направам нов тест за 5 дена“.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе