Поради тоа што не е вакциниран

Ѓоковиќ потврди, нема да игра на турнирите во Индијан Велс и Мајами

Новак Ѓоковиќ потврди дека нема да може да игра на турнирите во САД поради тоа што не е вакциниран. 

Ѓоковиќ беше на ждрепката за настап на турнирите во Индијан Велс и Мајами, но правилата во САД се јасни, странци кои не се вакцинирани не можат да влезат во земјата.
 
Српскиот тенисер не доби посебно одобрение за влез во САД, па преку социјалните мрежи информираше дека нема да игра.
 
„Автоматски бев ставен во ждрепката за турнирите во Индијан Велс и Мајами иако знаев дека нема да можам да патувам. Потврдено е дека правилата нема да се променат, па не можам да играм во САД. Со среќа на тие што ќе играат на овие големи турнири“, вели Ѓоковиќ.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе