Новак Ѓоковиќ виде малку мака во првото коло, но попладнево одигра врвен тенис, не загуби ниту еден сет и за два часа го среди Танаси Кокинакис.
Србинот го отвори мечеот убедливо, првиот сет го доби со 6-2, најмногу борба имаше во вториот сет, кој му припадна на популарниот Ноле со 6-4, додека пак последниот сет беше рутински одработен со 6-2.
Во 3. коло на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ ќе се сретне со сонародникот Миомир Кецмановиќ, кој со 3-1 беше подобар од Алехандро Табило од Чиле.