АТП Рим

Ѓоковиќ по втор пат победи денеска во Рим и закажа финале против Надал

Новак Ѓоковиќ ќе се бори против Рафаел Надал за титулата во Рим, Србинот вечерва со 2-1 во сетови го совлада Лоренцо Сонего и обезбеди финале.

Новак Ѓоковиќ покажа зошто е број 1 на АТП ранг листата, денеска оствари две победи во Рим и закажа финале против Рафаел Надал.

Откако утрово по голема борба го совлада Стефанос Циципас, вечерва Србинот беше подобар од Лоренцо Сонего со 2-1 во сетови (6-3, 6-7, 6-2).

Популарниот Ноле можеше да го реши мечот во два сета, но не искористи две меч топки и му овозможи на домашниот тенисер да се врати во игра и да изедначи на 1-1.

Сепак, квалитетот дојде до израз во третиот сет, Новак Ѓокови без многу проблеми го доби со 6-2, па утре ќе се бори за нова титула.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе