Австралија Опен

Ѓоковиќ не се откажа, собра сили и повреден го победи Фриц (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ имаше тежок меч со Тејлор Фриц откако заработи повреда, но на крајот успеа некако да дојде до победата, меч на денот беше дуелот меѓу Тим и Кирјос кој го доби Австриецот со 3-2. 

Новак Ѓоковиќ повреден го победи Тејлор Фриц со 3-2 во сетови, по мечот Србинот потврди дека во еден момент помислил и да се откаже, но успеа да најде сили и да победи.
 
Ѓоковиќ ги доби првите два сета со 7-6 (6-1) и 6-4, но во текот на третиот се повреди, почувствува болка во десниот колк која се прошири и во слабината. Мораше да земе медицински тајм-аут. 
 
Се врати на теренот, но тешко се движеше, колку што можеше играше само на свој сервис, а Тејлор без проблем ги освојуваше гејмовите кој тој ги сервираше. Американецот лесно ги доби следните два сета со 6-3 и 6-4.
 
Во петтиот решвачки сет Ѓоковиќ како да доби сила иако уште играше со болки и грч на лицето. Успеа да земе дури два брејка и да го добие сетот со 6-2.
 
По мечот Ѓоковиќ кажа дека мислел и да се откаже, но не го направил тоа, сепак потврди дека е неизвесен за следниот меч, не знае дали ќе може да се појави на теренот.
 
„Кога ја почувствував болката и го земав првиот медицински тајм-аут помислив дека не можам, дека ќе се откажам. Но продолжив да играм, тешко се движев од болките кои ги имав, можев да сервирам само и да враќам по некоја топка. Во петтиот сет собрав сила и успеав да победам. Но не знам што понатаму, не знам дали ќе можам да продолжам да играм или ова беше мојот последен меч на турнирот, не знам дали ќе бидам во состојба да се појавам на следниот“, изјави Ѓоковиќ по мечот.
 
Ако може да игра, следен противиник на Ѓоковиќ е Милош Раониќ кој со 3-1 го совлада Фучович.
 
 
Меч на денот беше дуелот меѓу Доминик Тим и Ник Кирјос. Домашниот тенисер ги доби првите два сета со 6-4 и 6-4, но Тим успеа да се врати, ги доби следните три со 6-3, 6-4 и 6-4 ги победи со 3-2 во сетови.
 
Во осминафиналето Тим ќе игра против Димитров кој го помина Карењо Буста, Шпанецот се предаде во текот на вториот сет поради повреда.
 

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе