Српскиот тенисер смета дека тоа е непристојно прашање

Ѓоковиќ: Не сакам да кажам дали сум вакциниран или не

Новак Ѓоковиќ смета дека е погрешно тоа што луѓето си земаат за слобода да поставуваат прашања за вакцинираност и да ги осудуваат луѓето, тој не сакаше да открие дали е вакциниран или не, по најавите на австралиските власти дека постои шанса на Австралија опен да играат само вакцинирани тенисери. 

Неколку врвни спортисти важат за антиваксери, а за еден од нив се смета дека е и Новак Ѓоковиќ, кој одбива да каже дали е вакциниран или не, но постои шанса да мора да се вакцинира доколку сака да игра на Австралија опен.
 
Еден од примерите во елитниот спорт во кој играчот не може да функционира доколку не е вакциниран е кошаркарот на Бруклин Кајри Ирвинг. Клубот не му дозволува да настапува невакциниран, па тој не беше дел од синоќешниот меч со Милвоки.
 
Новата тениска сезона традиционално почнува во јануари кога на програмата е првиот грен-слем турнир Австралија Опен. Се верува дека е можно австралиските власти да донесат одлука само вакцинирани тенисери да можат да играат на турнирот.
 
„Ја следам ситуацијата за Австралија и колку што разбрав конечната одлука владата во Австралија и тениската федерација ќе ја донесат за две недели, првата или втората недела од ноември. Не верувам дека ќе се променат многу работи. Како што беше и оваа годидна, ќе има многу рестрикции. Од тоа што го слушнав од мојот менаџер е дека Тениската федерација во Австралија се труди да ги подобри условите и за тие што се вакцинирани и за оние што не се“, вели Ѓоковиќ за „Блиц“.
 
„Нема да откријам дали јас сум вакциниран или не, тоа е приватна работа и несоодветно прашање“.
 
„Луѓето одат предалеку овие денови одземајќи им ја слободата на други со тоа што ги прашуваат дали се вакцинирани и ги осудуваат луѓето. Без разлика дали ќе кажете да или не, ќе бидете осудувани од некој“.
 
„Не знам дали ќе играм на Австралија опен, рано ми е да кажам. Треба да го видам распоредот, да видам какви ќе бидат работите, па ќе донесам одлука“.
 
Австралиски политичар верува дека невакцинираните играчи нема да добијат виза за Австралија, а ако евентуално добијат, ќе мора да одат во карантин.
 
„Не мислам дека невакцинираните тенисери ќе добијат виза за да дојдат во земјава“, вели австралиски политичар.
 
„Ако добијат виза, веројатно ќе треба да одат во карантин неколку недели додека вакцинираните играчи ќе немаат потреба од тоа. Но не мислам дека кој било тенисер, формула 1-возач или голфер, ќе добие виза ако не е вакциниран. Професионалните спортисти треба да се вакцинирани со две дози“.
 
Новак Ѓоковиќ и карантинот го истакнува како проблем.
 
„Главниот проблем е тоа што ако сте во авион со личност што била позитивна, без разлика дали сте вакцинирани или не, автоматски мора 14 дена во соба да бидете. Тоа му се случи на Виктор Троицкии и на уште 70 други тенисери. Мораа во карантин. Со многу играчи разговарав и тоа е голем проблем. Имам чувство дека играчите не се прашуваат за ништо. Порано работите не беа такви, но не сакам да навлегувам во детали. Во моментов ситуацијата воопшто не е добра“, вели Ѓоковиќ.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе