Никогаш нема да го заборави моментот кога ја удри судијката

Ѓоковиќ: Не можам да ветам дека повторно нема да ми се случи таков инцидент

Новак Ѓоковиќ ја признава вината и ја прифаќа дисквалификацијата од УС Опен, жал му е за тоа што се случи, но не е сигурен дека пак нема да му се случи нешто слично бидејќи животот е непредвидлив а во него може да се случи се. 

Новак Ѓоковиќ денеска отворено зборуваше за тоа што му се случи на УС Опен, вели дека тој момент ќе остане засекогаш во неговиот живот, никогаш нема да заборави како ја удри судијката Лаута.
 
„Се разбира дека беше шокантно да се заврши УС Опен на таков начин. За прв пат во кариерата ми се случи нешто такво, секако дека можело и порано да ми се случи, можело да им се случи и на многу други тенисери“, вели Ѓоковиќ.
 
„Топката ја удри линиската судијка, беше несреќа што ја удри линиската судијка на тоа незгодно место. Имаше многу шпекулации дали заслужив или незаслужув да бидам дисквалификуван. но ја прифатив одлуката и продолжив понатаму“.
 
„Не можам да ветам или да гарантирам дека никогаш во иднина нема да ми се сличи нешто слично. Ќе дадам се од себе за тоа да не се случи, но во животот се е возможно“.
 
„По мечот ја провери судијката Лаура, таа ми рече дека е добро и дека нема повреди. Навистина ми е жал што и приредив шок и драма неа, не го заслужи тоа во секој случај, таа го сака тенисот и со години е тука“.
 
„За несреќа и двајцата го искусивме тоа. Беше многу разочарувачко искуство за мене да завршам на овој начин бидејќи се чувствував многу добро, претходно само што го освоив Синсинати“.
 
„Стигнав во добра форма до четвртата рунда и бев подготвен во секој аспект. Беше неочекувано и ненамерно тоа што се случи. Но кога ќе го удрите така топчето како што јас го удрив, тогаш имате шанси да погодите некој на теренот и правилата се јасни кога ќе се случи тоа“.
 
„Па го прифатив тоа, требаше да продолжам понатаму и продолжив. Се разбира дека не заборавам што се случи, мислам дека и никогаш нема да го заборавам тој момент, ваквите работи ви остануваат во меморијата до крајот на животот, но мислам дека нема да биде голема пречка да се вратам повторно и да играм добро удирајќи го топчето за време на поенот“.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе