Олимписки игри

Ѓоковиќ не ја освои ниту бронзата, пораз од Карењо Буста

Новак Ѓоковиќ го загуби и натпреварот за третото место, Карењо Буста победи со 2-1 во сетови и го освои бронзениот медал. 

Ѓоковиќ синоќа доживеа шокантен пораз од Зверев во полуфиналето, но најави дека денеска ќе атакува со сите сили на бронзата со надеж дека ќе донесе медал за Србија.
 
Но, најдобриот тенисер на светот го загуби и мечот за третото место.
 
Шпанецот Карењо Буста го доби првиот сет со 6-4, во вториот победи Ѓоковиќ по тајбрејк со 8-6.
 
Во третиот решавачки сет, Карењо Буста славеше со 6-3 за победа од 2-1 во сетови и бронзен медал.
 

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе