Му честиташе на Шпанецот за новата титула на Ролан Гарос

Ѓоковиќ: На сопствена кожа почувствував зошто Надал е „крал на земја“

Новак Ѓоковиќ му честиташе на Рафаел Надал за победата во финалето на Ролан Гарос, вели дека Шпанецот уште еднаш покажал зошто е „крал на земја".

Новак Ѓоковиќ нема пораз во 2020 година, но тоа не му беше многу од корист на денешната пресметка со Рафа Надал. Шпанецот е голем мајстор на земја и денеска уште еднаш потврди дека доминира на ваква подлога славејќи во финалето на Ролан Гарос со 3-0 во сетови.

„Најпрво сакам да му честитам на Рафа и неговото семејство. Неверојатно е како играш на ваков терен. Денеска покажа зошто си „крал на земја“, на сопствена кожа го почувствував тоа“ – рече Новак Ѓоковиќ по крајот на мечот.

„Ова беше тежок меч, не сум задоволен од сопствената игра но морам да признам дека денеска бев надигран од подобар противник“.

 

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе