УС Опен

Ѓоковиќ му се одмазди на Зверев и дојде на чекор до успех што никој не го направил во последните 52 години

Новак Ѓоковиќ со 3-2 (4-6, 6-2, 6-4, 4-6, 6-2) во сетови го совлада Алесандер Зверев и се пласираше во финалето на УС Опен каде ќе игра против Данил Медведев. 

Новак Ѓоковиќ се пласира во финалето на УС Опен и ако победи ќе стане првиот тенисер кој ги освоил сите четири грен-слем турнири во една календарска година по Род Лејвер на кој тоа му успеа во 1969 година.
 
Дополнителен мотив за него е и тоа што ќе ја освои 21. грен-слем титула и ќе ги надмине Роџер Федерер и Рафаел Надал.
 
Ова е вкупно 31. грен-слем финале со што го изедначи рекордот на Роџер Федерер.
 
Победата над Зверев во полуфиналето претставува и одмазда за поразот на Олимписките игри.
 
Што се однесува до мечот, Зверев почна подобро, го доби првиот сет со 6-4, но следните два му припаднаа на Ѓоковиќ со 6-2 и 6-4.
 
Зверев успеа да изедначи на 2-2 откако четвртиот сет го доби со 6-4, но во решавачкиот петти сет Ѓоковиќ беше подобар со 6-2 и го доби мечот со 3-2 во сетови.
 
Во финалето ќе игра со Медведев кој го победи Оже Алиасим со 3-0 (6-4, 7-5 и 6-2).
 

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе