Доколку добие тригодишна забрана за влез во земјата

Ѓоковиќ можеби веќе никогаш нема да игра на Австралија опен

Новак Ѓоковиќ го загуби судскиот случај со австралиските власти, ќе биде депортиран од Австралија и нема да настапи на големиот грен-слем турнир, но можеби и веќе никогаш нема да се врати на него. 

Ѓоковиќ е деветкратен освојувач на Австралија опен, тој беше победник на последните три изданија на овој грен-слем, но австралиските власти одлучија дека тој не треба да игра оваа година затоа што не е вакциниран.
 
Според законот на Австралија, депортацијата значи и тригодишна забрана за влез во земјата, што значи дека Ѓоковиќ не би можел да игра и на наредните три турнири.
 
Новак во мај полни 35 години, додека да му истече забраната, тој ќе влезе длабоко во 38-та година и нејасно е на таа возраст дали уште би играл и на колку турнири годишно би учествувал.
 
Но ова не е дефинитивно, постои можност за исклучок, да не му биде дадена тригодишна забрана за влез во државата и Ѓоковиќ веќе следната година да биде дел од Австралија опен.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе