Ѓоковиќ може да добие пет години затвор ако се утврди дека го лажел судот за ковид-тестот

Изјавата на Ѓоковиќ на социјалните мрежи можеби е во спротивност со неговата изјава пред судот.

Фото: ЕПА

Новак Ѓоковиќ може да се соочи со пет години затвор доколку се открие дека ги лажел властите во Австралија за својот позитивен тест за ковид.

Ѓоковиќ во изјавата под заклетва пред Федералниот окружен суд рече дека му бил дијагностициран коронавирус на 16 декември. „На 16 декември 2021 година бев тестиран и ми беше дијагностициран САРС-КоВ-2 (ковид)“, рече тој. Судијата на крај одлучи дека на Ѓоковиќ не треба да му се укине визата и да му биде дозволено да остане во Австралија за да игра тенис.

Меѓутоа, во изјавата денеска објавена на социјалните мрежи Ѓоковиќ тврди дека својот позитивен ковид-резултат го дознал дури на 17 декември, а не на 16-ти, што, како што вели, објаснува зошто на 16-ти одел на јавни настани.

Казната за лажни информации до судот е затворска казна до пет години.

Ѓоковиќ денеска беше фотографиран како тренира пред турнирот, кој почнува в понеделник на 17 јануари. Се предвидува дека во текот на претстојните две недели ќе добие „непријателски“ пречек и од публиката и од некои од неговите колеги во соблекувалната, додека 34-годишникот ја брка рекордната 21. Грен слем титула за мажи и 10-та во Мелбурн.

Сепак, сѐ уште постои можност тој да биде испратен дома. За судбината на Ѓоковиќ ќе одлучува министерот за имиграција Алекс Хок, кој може лично да интервенира и да одлучи да му ја укине визата, со што на светскиот број 1 ќе му биде забрането три години да влезе во Австралија. Одлуката се очекува утре.

Во меѓувреме, претставници на граничните сили треба да му постават уште прашања на Ѓоковиќ околу неговиот влез во Австралија и овој пат тоа ќе биде фокусирано на патувањето пред пристигнувањето. Ѓоковиќ рече дека не патувал никаде пред да стигне во Мелбурн, но се појавија снимки на кои се гледа дека е во Шпанија.

На неговиот формулар за влез, кој беше презентиран на судот од страна на адвокатскиот тим на Ѓоковиќ, одговорот „Не“ е избран под прашањето: „Дали сте патувале или ќе патувате 14 дена пред вашиот лет за Австралија?“

Под прашањето има забелешка во која се вели: „Давањето лажни или погрешни информации е сериозен прекршок. Може да бидете подложни и на граѓанска казна за давање лажни или погрешни информации“.

Во својата изјава на социјалните мрежи, Ѓоковиќ вината ја префрли на „административна грешка“ на неговиот агент.

„По прашањето на мојата патна декларација, ова беше поднесено од мојот помошен тим од мое име – како што им кажав на службениците за имиграција при моето пристигнување – и мојот агент искрено се извинува за административната грешка при штиклирањето на погрешната опција за моето претходно патување пред да дојдам во Австралија“, рече Ѓоковиќ.

„Ова беше човечка грешка и секако ненамерна. Живееме во тешки времиња во глобална пандемија и понекогаш може да се случат овие грешки“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе