Вимблдон

Ѓоковиќ лесно се справи со Кудла за пласман во третото коло

Новак Ѓоковиќ рутински во три сета беше подобар од Американецот Кудла и се пласираше во третото коло на Вимблдон.

Рекетот број еден во моментов, Новак Ѓоковиќ покажа дека е во добра форма откако со само седум загубени гејма го совлада Кудла.
 
Првиот сет Ѓоковиќ го доби со 6-3, во следните два триумфираше со 6-2 и 6-2,
 
Во третото коло Ѓоковиќ ќе игра против Хуркач кој со 3-1 беше подобар од Мајер.
 
За разлика од Новак, двајца негови сонародници го завршија турнирот, Типсаревиќ со 3-1 загуби од Андерсон, Кецмановиќ при водство на противникот од 2-0 го предаде мечот со Пер.
 
Поразен беше и Карловиќ кој во долг меч загуби од Фабиано со 3-2 во сетови.

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе