Тенисерот го доби судскиот спор

Ѓоковиќ конечно ќе си го наплати долгот од 2012, Рио де Жанеиро ќе му плати 731.000 долари на Србинот

Сојузната држава Рио де Жанеиро ќе треба да му исплати на Новак Ѓоковиќ 731.000 долари, Србинот го доби судскиот спор и ќе си го наплати долгот од 2012 година.

Новак Ѓоковиќ во 2012 се појави на неколку промотивни настани во Рио, отвори тениски игралишта, одигра егзибиционен меч со легендата Густаво Гуга Куертен, а настапи и на ревијален фудбалски меч со бразилските легенди.

За присуството на овие настани му биле ветени 1,1 милион долари, но му биле исплатени само 450.000 долари. Откако властите од сојузната држава Рио де Жанеиро останаа глуви на барањата на Србинот да го подмират долгот, тенисерот реши правдата да си ја бара на суд.

Судот во Рио сега пресуди во корист на Новак Ѓоковиќ и нареди исплата на 731.000 долари, плус камата за изминатите седум години, како и додатни 5% од сумата кои ќе бидат наменети за трошоците на адвокатите.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе