АТП финале Лондон

Ѓоковиќ: Кога гледам како игра Федерер на овие години тоа ме мотивира, тој е инспирација

Новак Ѓоковиќ вели дека знае како да го прифати поразот од Роџер Федерер и да продолжи понатаму. 

Федерер синоќа убедливо со 2-0 во сетови го победи Ѓоковиќ и се пласира во полуфиналето на завршниот АТП турнир во Лондон. Српскиот тенисер е елиминиран а со тоа ја загуби шансата да го симне Надал од првото место пред крајот на годината.
 
„Сум загубил многу натпревари во животот, знам како да продолжам понатаму. Ова не е поразлично“, вели Ѓоковиќ.
 
„Со Роџер имам одиграно речиси 50 натпревари. Со Рафа Надал сум одиграл, не знам, веројатно повеќе од 50 мечеви. Се разбира секој пораз е болен, но кога играте со вашите најголеми ривали, знаете, тоа дава дополнителен зачин на победата или поразот“.
 
„Но на крајот од денот ние сме професионалци и јас сум привилегиран да го играм овој спорт на највисоко ниво толку многу години. Мислам дека тоа ми дава искуство со кое знам како да ги прифатам поразите, да продолжам понатаму и да гледам кон следната шанса“.
 
Ѓоковиќ зборуваше и за моментот дека Федерер има 38 години и уште игра на највисоко ниво: „Тоа ме мотивира. Ми покажува дека е возможно. Имам огромна почит за него и се што прави на теренот“.
 
„Тоа што го има постигнато во овие години и она што се уште го покажува на теренот е феноменално. Тој е пример дури и за мене што сум еден од неговите ривал. Гледајќи низ неговата кариера и она што тој се уште го прави, едноставно ве иснспирира“.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе