Вимблдон

Ѓоковиќ ќе го брани трофејот, Србинот лесно се справи со Агут за 6-то финале на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финале на Вимблдон, негово шесто, откако попладнево лесно се справи со Роберто Баутиста Агут и го совлада со 3-1 во сетови.

Познат е првиот финалист на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ во недела ќе го брани трофејот против подобриот од класико пресметката помеѓу Федерер и Надал.

Србинот попладнево лесно се справи со Роберто Баутиста Агут и го совлада со 3-1 во сетови. Шпанецот го доби вториот сет со 4-6, но во преостанатите три, Новак Ѓоковиќ беше тој кој доминираше и без многу проблеми излегуваше на крај со противникот.

За популарниот Ноле ова ќе биде 6-то финале и ќе атакува на 5-от трофеј од најпрестижното тениско натпреварување.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе