Србинот се дружеше со фановите на социјалните мрежи

Ѓоковиќ ја пееше „Македонско девојче“, побара и фотографии од Охрид (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ синоќа се дружеше со фановите на социјалните мрежи. Србинот по барање на фановите од Македонија ја отпеа „Македонско девојче“, а побара и фотографии од Охрид и Охридско Езеро.

Рекетот број 1 по вчерашната победа во 3. коло на Вимблдон против Хуркач има два слободни дена, па реши малку да се опушти и да се подружи со фановите на социјалните мрежи.

Од станот во кој престојува во Лондон, во друштво на физиотерапевтот Миљан Амановиќ, имаше вклучување во живо на Инстаграм.

По барање на фановите од Македонија, Новак Ѓоковиќ ја отпеа „Македонско девојче“. Популарниот Ноле исто така не го заборави и нашиот најголем бисер, Охрид.

„Ех, да сум сега крај Охридско Езеро“, порача Срибинот и побара да му биде пратена некоја фотографија од овој град.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе