Можеби ќе го видиме веќе во Токио

Ѓоковиќ излезе со изјава за повреденото рамо и ги израдува фановите

Новак Ѓоковиќ има повреда на рамото, некои информации велеа дека Србинот треба да се оперира и ќе ја заврши сезоната поради тоа, но се чини дека состојбата е подобра од тоа што се предвидуваше. 

Новак Ѓоковиќ преку социјалните мрежи ја потврди повредата на рамото, рече дека се рехабилитира, и се надева дека ќе биде подготвен за следниот турнир.
 
„Ви благодарам на големата поддршка и интересирањето за состојбата на моето рамо. Во процес на рехабилитација сум и се надевам дека ќе бидам подготвен за следниот турнир во Токио. Секако ќе ви се јавам со нови вести. Ви благодарам уште еднаш“, напиша Ѓоковиќ на својот твитер профил.
Настап на следниот турнир е многу подобра вест отколку што се прогнозираше. Но останува да видиме дали тоа ќе се случи. Турнирот во Токио на програмата е кон крајот на септември.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе