Новак Ѓоковиќ ќе се бори за трофејот на мастерсот во Париз, Србинот вечерва со пресврт славеше со 2-1 против Хуберт Хуркач.
Полјакот го доби првиот сет со 6-3, но популарниот Ноле одигра фуриозно во вториот сет и го освои со 6-0. Во решавачкиот трет сет имаше голема борба, на крајот Новак Ѓоковиќ во тај-брејк стигна до 7-6 и големо славје.
Победата не само што му донесе финале во Париз, значеше и прво место на АТП листата во 2021, па тој испиша нова историја и стана првиот тенисер кој седми пат годината ја завршува како број 1.
🏆 2011
— ATP Tour (@atptour) November 6, 2021
🏆 2012
🏆 2014
🏆 2015
🏆 2018
🏆 2020
🏆 2021
Simply incredible, @DjokerNole 👏 @FedEx pic.twitter.com/DTmYrmQfUw