АТП мастерс Париз

Ѓоковиќ испиша нова историја, Србинот по седми пат ќе ја заврши годината како број 1!

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финале на мастерсот во Париз откако со 2-1 во сетови го совлада Хуберт Хуркач, победата значеше нова историја, Србинот по седми пат ќе ја заврши годината како број 1 на АТП листата.

Новак Ѓоковиќ ќе се бори за трофејот на мастерсот во Париз, Србинот вечерва со пресврт славеше со 2-1 против Хуберт Хуркач.

Полјакот го доби првиот сет со 6-3, но популарниот Ноле одигра фуриозно во вториот сет и го освои со 6-0. Во решавачкиот трет сет имаше голема борба, на крајот Новак Ѓоковиќ во тај-брејк стигна до 7-6 и големо славје.

Победата не само што му донесе финале во Париз, значеше и прво место на АТП листата во 2021, па тој испиша нова историја и стана првиот тенисер кој седми пат годината ја завршува како број 1.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе