Министерката за внатрешни работи на Австралија потврди

Ѓоковиќ има тригодишна забрана за влез во Австралија

Министерката за внатрешни работи на Австралија потврди дека со одлуката за депортација на Ѓоковиќ, автоматски му следува и тригодишна забрана за влез во земјата. 

Австралија реши дека Новак Ѓоковиќ не е добредојден невакциниран во нивната земја и успеа да му ја укине визата и да го депортира.
 
Според законите на Австралија, тој со одлуката за депортација автоматски добива и тригодишна забрана за влез во земјата.
 
Тоа го потврди и министерката за внатрешни работи на Австралија, но рече и дека таа забрана би можела да се укине во зависност од околностите, и тој порано да влезе.
 
Секое барање за влез во државата се разгледува поединечно, па хипотетички доколку Новак Ѓоковиќ следната година поднесе барање за виза, случајот ќе се анализира и можно е да му биде даден позитивен одговор, со што ќе се укине забраната за влез. Но на хартија, според австралискиот закон, Новак Ѓоковиќ има тригодишна забрана за влез во Австралија.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе