Олимписки игри

Ѓоковиќ: Им се извинувам на сите во Србија што ги разочарав

Новак Ѓоковиќ не успеа да освои медал на Олимписките игри, не ги оправда очекувањата на своите фанови кои очекуваа сигурен успех на српскиот тенисер. 

Ѓоковиќ го загуби денешниот меч за третото место од Карењо Буста, а потоа поради исцрпеност го предаде мечот во мешани двојки во кој со Нина Стојановиќ требаше да се борат исто така за бронза.
 
„Им се извинувам на сите во Србија кои ги разочарав. Знам дека многумина очекуваа медали од мене, очекував и јас. Жал ми е за Нина, но телото потполно ми откажа. Играв под лекови и болки и со ненормална исцрпеност. Се надевам дека повредите нема да ме спречат да играм на УС опен, затоа што не е во прашање само една повреда“, изјави Ѓоковиќ.
 
„Но, срцето ми е на место, знам дека дадов се од себе. Сакам да играм за Србија, не успеав да донесам медал, но одиме понатаму“.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе