Ролан Гарос

Ѓоковиќ и Надал можат да се сретнат во четвртиналето на Ролан Гарос

Денеска беше извршена ждрепката за престојниот грен-слем турнир Ролан Гарос, а таа вели дека Ѓоковиќ и Надал може да имаат средба во четвртфиналето. 

Доколку ги победат своите противници до четвртфиналето, еден од Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал нема да стигне до полуфиналето бидејќи ќе имаат меѓусебна пресметка за влез меѓу најдобрите четири.
 
Ѓоковиќ турнирот ќе го започне со дуел против Јошихито Нишиока од Јапонија, а пак Рафаел Надал ќе игра против Џордан Томпсон.
 
Ако нема изненадувања, тешко е да ги нема, покрај Ѓоковиќ - Надал, во четвртфиналето би играле Зверев - Алкараз, Руд - Циципас и Рубљов - Медведев. 

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе