Италија Опен

Ѓоковиќ и Надал без многу проблеми се пласираа во третото коло во Рим

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал се пласираа во третото коло на мастерсот во Рим откако попладнево со 2-0 во сетови славеа над Николоз Басилашвили односно Дамир Џумхур

Србинот продолжува со добрите изданија во главниот град на Италија, Новак Ѓоковиќ денеска без многу проблеми славеше над Николоз Басилашвили со 6-4 и 6-2.

Грузиецот пружи отпор во првиот сет, популарниот Ноле спасуваше четири брејк топки во маратонскиот седми гејм, но потоа со доминантна игра триумфираше за еден час и 18 минути.

Рафаел Надал пак скоро и да немаше никакви проблеми против Дамир Џумхур во меч кој траеше 62 минути.

Шпанецот првиот сет го доби со 6-1, а во вториот не му дозволи ниту гем на пртивникот и го „исчисти“ со 6-0.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе