Австралија Опен

Ѓоковиќ и Федерер победнички тргнаа на Австралија Опен

Новак Ѓоковиќ со 3-1 во сетови го победи Штруф, Федерер без загубен сет го елиминираше Џонсон. 

Штруф му пружи добар отпор на Ѓоковиќ како за меч од првото коло на Австралија Опен, но победата на Србинот во ниту еден момент не беше доведена во прашање.
 
Во првиот сет се играше тајбрејк, Ѓоковиќ го доби со 7-6 (7-5), во вториот Новак загуби само два гејма и поведе со 2-0 во сетови.
 
Се очекуваше Србинот лесно да го земе и третиот сет, но тогаш Штруф се крена, го доби сетот со 6-2 и намали на 2-1.
 
Ѓоковиќ не дозволи изненадување, па во четвртиот сет буквално го прегази противникот губејќи само еден гејм и го доби мечот со 3-1 во сетови. (7-6, 6-2, 2-6, 6-1).
 
Федерер рутински ја одработи својата задача совладувајќи го Џонсон со 6-3, 6-2 и 6-2.
 
Понатаму оди и Димитров кој со 3-1 во сетови беше подобар од Лондеро. Убедлива партија имаше Циципас, тој загуби само пет гејма во дуелот со Карузо, победи со 6-0, 6-2 и 6-3.
 

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе