УС Опен

Ѓоковиќ и Федерер лесно на стартот од УС Опен, Серена растури Шарапова

Новак Ѓоковиќ без загубен сет беше подобар од Карабелес Баена, Федерер загуби еден сет од Нагал, но беше убедлив, Серена Вилијамс загуби само два гејма против Марија Шарапова. 

Новак Ѓоковиќ немаше проблеми против шпанскиот тенисер Карбаљес Баена, победи со 6-4, 6-1 и 6-4. Србинот во следното коло ќе игра против Лондеро кој направи изненадување елиминирајќи го Сем Квери со 3-1 во сетови.
 
Роџер Федерер лошо почна против Нагал, Индиецот го доби првиот сет со 6-4, но тоа само го мотивираше Швајцарскиот ас кој следните сетови ги доби со 6-1, 6-2 и 6-4. Во следното коло Федерер ќе игра против Џумхур кој со 3-1 беше подобар од Бенчетрит.
 
На женскиот турнир дерби мечот беше меѓу Серена Вилијамс и Марија Шарапова. Имињата ветуваа повеќе отколку што се случи на теренот, таму Серена победи со 6-1 и 6-1.

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе