АТП Мастерс Париз

Ѓоковиќ го „збриша“ Циципас за 58 минути и обезбеди полуфинале во Париз

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфинале на мастерсот во Париз откако лесно со 2-0 во сетови за помалку од еден час го совлада Стефанос Циципас.

Србинот во голем стил се одмазди за поразот во Шангај, попладнво му дозволи само три гејма на Стефанос Циципас и на теренот помина помалку од еден час.

Новак Ѓоковиќ го „збриша“ Гркот за 58 минути со 6-1 и 6-2 во сетови и обезбеди полуфинале во Париз.

Следен противник ќе му биде Григор Димитров од Бугарија, кој претходно триумфираше против Кристијан Гарин од Чиле со 2-0 во сетови (6-2, 7-5).

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе