Судиите ја поддржаа одлуката на австралиските власти

Ѓоковиќ го загуби судењето, нема да игра на Австралија опен

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ го загуби случајот пред Федералниот суд на Австралија, одлуката на тројцата судии била едногласна. 

Судот ја одби жалбата на Новак Ѓоковиќ, тој нема да настапи на Австралија опен, српскиот тенисер ќе биде депортиран од земјата.
 
Тројцата судии решија да одлучат во корист на министерот за имиграција, Алекс Хок и да го протераат Ѓоковиќ од Австралија.
 
Тие ја поддржаа одлуката за укинување на виза на Новак Ѓоковиќ сметајќи дека тој е опасност за ширење на антиваксерското движење во Австралија.
 
Детално соопштение за одлуката засега нема, но порачаа дека тоа ќе биде достапно за јавноста во наредните денови.
 
Рочиштето траеше повеќе од пет часа, почна во 23:30,  а заврши околу 4:45. Одлуката ја донесоа тројцата судии, Дејвид Џон О'Калахан, Џејмс Алсоп и Ентони Бесанко.
 

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе