АТП Лондон

Ѓоковиќ го „уништи“ Андерсон и закажа финале со Зверев!

Новак Ѓоковиќ беше сензационален против Кевин Андерсон, го победи со 2-0 за 75 минути и закажа финале против Александер Зверев на завршниот турнир во Лондон.

Популарниот Ноле по седми пат во својата кариер ќе се бори за трофејот на завршниот турнир во годината. Србинот билетот за финалето го чекираше со доминантна партија против Кевин Андерсон.

Новак Ѓоковиќ вечерва го „уништи“ противникот и со 2-0 во сетови (6-2, 6-2) за 75 минути закажа пресметка со Александар Зверев.

За тоа колку беше сензационален Новак Ѓоковиќ говори и фактот што тој имаше повеќе асови од Кевин Андерсон (6-4), тенисер чиј адут е токму силниот прв сервис од преку 200 км/ч.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе