АТП Дубаи

Ѓоковиќ го преслуша Циципас за петта титула во Дубаи, 500 АТП поени и половина милион долари

Новак Ѓоковиќ без многу проблеми го совлада Стефанос Циципас со 2-0 во сетови во финалето на АТП турнирот во Дубаи, Србинот од Обединетите Арапски Емирати си замина со 500 бодови и над 560.000 долари.

Новак Ѓоковиќ стигна до титулата број 5 во Дубаи, попладнево во финалето го преслуша Стефанос Циципас со 2-0 во сетови.

На популарниот Ноле му требаа еден час и 17 минути за со 6-3 и 6-4 да ја добие пресметката со Гркот во финалето.

Србинот од Обединетите Арапски Емирати ќе си замине со 500 АТП поени кои ќе му помогнат да се зацврсти на првото место на листата, а за успехот во Дубаи ќе добие и убава парична награда од над половина милион долари, односно 565.705 долари.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе